Во продажба дневни билети за ЕП 2024 – најефтините се 15 евра

Европската ракометна федерација ги пушти во продажба дневните билети за натпреварите од женското ЕП на кое ќе игра и Македонија.

Македонските ракометарки ќе играат во групата А во Дебрецин заедно со домашната селекција на Унгарија, Шведска и Турција.

Најефтините дневни билети (за два меча) на 28 и 30 ноември, како и на 2 декември, се 15 евра, а има и од 25, 30 и 35 евра за оние од прва категорија.

Македонија на 28 ноември игра со Шведска, на 30 ноември против Турција, додека последниот дуел од групната фаза го игра против домаќинот Унгарија.

Билети за ЕП 2024 година може да купите ТУКА.

Во продажба билети за ЕП 2024 – гледајте три натпревари на Македонија за 50 евра!