Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер објави дека денеска започна продажбата на билети за последниот натпревар на домашен терен оваа година во Лигата на шампионите.
Ривал на пелистерци ќе им биде полскиот шампион Висла Плоцк, кој ќе гостува во Битола на 4 декември со почеток во 20:45 часот.
Билетите за дуелот што може да биде решавачки за пласман на македонскиот првак во осминафиналето, чинат 450, односно 550 денари, зависно од местата на седење во салата.
Тие можат да се купат онлајн и на продажните места низ Битола, а сите детали за продажбата на билети ги имате ТУКА.
Битолчани имаат четири бода на шестото место на табелата во групата А, додека Висла Плоцк е последна со два бода. Со победа, македонскиот првак ќе направи голем чекор напред кон осминафиналето.