Организаторот на младинското Европско првенство во Словенија ги пушти во продажба влезниците за натпреварите на континеталниот собир.
Натпреварите од ЕП на кое ќе играат и македонските младинци ќе се играат во три сали во градот Целје.
Цените на дневните билети се 10 евра за сите места во салата, освен за оние во ВИП каде што чинат 45 евра, а има и групен билет за сите натпревари на 10, 11 и 13 јули за 25 евра.
Македонија ќе ги игра дуелите против селекциите на Хрватска, Црна Гора и Австрија во салата „Златорог Арена“, а несомнено дека исто како на СП во Хрватска и сега ќе ја има поддршката од гледачите.
Билети за младинското ЕП може да се купат ТУКА.