Во продажба билети за Лигата на шампионите – Фуксе Берлин е прв гостин во Битола

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вчера ги пушти во продажба поединечните билети за натпреварот со Фуксе Берлин.

Цените на билетите за овој натпревар се 450 денари, односно 550 денари, во зависност од местото на седење во салата.

Освен продажбата онлајн ТУКА, билети ќе се продаваат на уште три локации низ Битола до среда 18:30 часот.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и германскиот Фуксе Берлин се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Во првото коло, пелистерци беа минимално поразени на гостувањето кај ПСЖ, а ист таков поразен доживеа и Фуксе Берлин на домашен терен од Веспрем.