Тимот на Вардар ги пушти во продажба билетите за вториот натпревар од главната рунда од Лигата на Европа.
Во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува бундеслигашот Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
Цената на билетите се движи од 250 до 400 денари во зависност од местото на седење во салата, а може да се набават во билетарницата на салата секој ден од 10 до 18 часот, како и онлајн ТУКА.
За да остане во трка за местата што водат кон осминафиналето или четвртфиналето, Вардар мора да го добие натпреварот што е закажан за 24 февруари од 20:45 часот.
На табелата води Мелсунген со шест бода, Вардар е на делба на второто место со по два бода заедно со Бенфика и Кристијанштад.
























