Охрид го очекува нов настап на меѓународна сцена и овојпат во ЕХФ Европскиот Куп, а прв ривал е Баку од Азербејџан.
Двете средби меѓу македонскиот и азербејџанскиот тим ќе се одиграат во СРЦ „Билјанини Извори“, а Охрид веќе ги пушти во продажба билетите за овие два меча.
Билет за еден меч чини 200 денари, додека блок билет за двата меча што се закажани за 11 и 12 октомври ќе чини 300 денари.
Тие можат да се купа онлајн ТУКА, а на три дена пред натпреварот и на билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“.
Двете средби меѓу Охрид и Баку ќе стартуваат од 18:00 часот.