Шпанскиот стратег Чави Сабате ќе остане во полскиот шампион Висла Плоцк најмалку до 2030 година, пишува „ТВП Спорт“.
Неговиот актуелен договор беше важечки до 2028 година, а по добрата сезона во Лигата на шампионите, раководството на Висла реши да му понуди нова соработка.
Новиот договор е со важност од две сезони, а тоа значи дека Сабате ќе ја води Висла Плоцк до 2030 година.
Тој дојде во сезоната 2018/19 во Плоцк, во времето кога Келце доминираше во Полска, но оттогаш Висла два пати се пласираше на Ф4 во Лигата на Европа, осови три трофеи во Купот на Полска, потоа две шампионски титули и трофеј во Супер Купот.
























