Во петок е промоцијата на Иван Чупиќ како тренер на Вардар

Новиот тренер на Вардар ќе биде промовиран во петок во Скопје, тогаш клубот ќе ги објави и плановите за следната сезона. За нов тренер би требало да биде назначен Иван Чупиќ, кој беше дел од шампионската генерација на Вардар во 2017 и 2019 година кога „црвено-црните“ беа европски прваци, но исто така и „жареа и палеа“ и во СЕХА лигата.

Вардар закажа прес-конференција за петок на која е најавено промовирање на новиот шеф на стручниот штаб. На истата ќе биде присутен и Михајло Михајловски, претседателот на клубот што знали дека ќе се „соопшти важна вест“

Вардар веќе промовираше еден Хрват, но на позицијата тренер на голмани, Марио Келентриќ. Тоа значи дека ќе им ацелосно нов стручен штаб, или барем најголем дел од лицата ќе бидат нови.

Прославениот ракометар ја започна својата самостојна тренерска кариера минатата сезона, а досега го водеше само клубот од родното место, Метковиќ кој успешно го спаси од испаѓање. Пред тоа беше помошник на Андрија Николиќ во Загреб.

Во Вардар беше од 2016 до 2021 година, по што замина во Загреб.
Вардар му врачи отказ на Гиљермо Милано, откако во последното коло на домашен терен „црвено-црните“ беа поразени од Еурофарм Пелистер, и титулата остана во Битола.

Вардар го потврди Келентриќ како тренер на голманите во Вардар

Келентриќ: „Со гордост станувам дел од голема ракометна приказна“