Денеска во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе стартува „Трофеј Македонија“, кој новото раководство на РФМ го враќа на сцената по долго време.
Покрај нашата селекција, гости во Охрид ќе бидат јужниот сосед Грција, како и африканските селекции на Тунис и Египет.
Двете селекции од Африка ќе играат на СП 2025 во Германија и Холандија, па ќе ги искористат овие средби за подобра подготовка за Мундијалот.
Македонија и Грција, пак, ги очекува стартот на квалификациите за ЕП 2026. Нашите ракометарки ќе играат против Германија и Словенија во октомврискиот прозорец, додека Грција ќе се соочи со Австрија и Шпанија.
Натпреварите на Македонија против Египет и Тунис ќе се играат во централниот вечерен термин, додека последната средба против Грција е в сабота од 16:30 часот.