Во Неготино се играше без одбрани – паднаа 77 погодоци!

Ракометарите на Вардар Неготино по поразот од Македонија Ѓорче Петров им се вратија на победите во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Игор Котевски го совладаа составот на Овче Поле од Свети Николе со убедливи 43-34 на меч без одбрани на двете страни.

Победникот беше познат уште по првото полувреме кога неготинци веќе водеа со осум погодоци, 23-15, а вториот дел беше само рутинско одработување на задачата.

Десет гола за победничкиот тим постигна Ѓорѓи Орешков, додека по седум пати беа прецизни Мирослав Митевски и Мице Шилегов, а осум гола за гостите даде Илија Димов.

Вардар Неготино сега има 18 бодови на третото место со кои оди на пауза до пролетниот дел од сезоната.