Поранешниот суперлигаш од Неготино сериозно најави дека сака најбрзо што може да се врати во елитата. По анагжирањето на Пепи Манасков уште едно важно место во тимот е решено – позицијата десно крило. Таму доаѓа Мице Шилегов кој зад себе има искуство во играње во суперлигашки екипи.
Левучарот Шилегов (27) лани настапуваше за екипата на Пролет, но сега повторно ќе игра надвор од Скопје. Шилегов потекнува од тимот на Металург, а во вториот тим играше до 2017 година. Потоа беше прекомандува во сениорскиот тим каде остана до 2021 година. Мина една сезона во Охрид, а последните две сезони беше дел од Голден Арт.
Зад себе има настапи и во кадетската и младинска репрезентација на Македонија.
Вардар Неготино ги обнов договорите со Митевски, Кузманов, Мицев, Ѓорѓев и Костадинов, а Орешков се врати на терените по повредата во Богданци. Останува костурот од минатата година од домашни играчи. Се разговара со уште пет нови играчи, а преговорите се во завршна фаза и до вторник ќе се комплетира составот.
ПРЕСВРТ: Манасков преговараше со Струга – ама потпиша за Вардар Неготино