Овче Поле СУ и Деспина одиграа без победник

Екипите на Овче Поле СУ и Деспина во натпревар од 8. коло од Женската лига одиграа без победник, 17:17.

Во натпревар со многу грешки на двете страни можеби ремито е најреален исход, па така двете екипи ќе се задоволат со по еден бод.

Гостинките од Прилеп во поголемиот дел од првото полувреме беа во предност, на моменти имаа и два до три гола разлика, но на пауза резултатот беше нерешен 11:11.

Во вториот дел продолжи резултатската бркотница и играта гол за гол. Иако домаќинките во два наврати имаа плус два гола разлика (13:11, 14:12), тимот предводен од Илиески направи серија од 4:0 и поведе со 16:14.

Овче Поле СУ не се предаваше, дојде до камбек и со голот на Сентовска од пенал се избори за нерешен резултат.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката на Прилеп, Мери Гичева, која постигна осум погодоци.

Кај домашниот табор се истакна Анастасија Сентовска со пет погодоци, два помалку имаше Јована Конева.

ПозЕкипаGDНПРЛБ
1ЧАИР127880024
2АСТИБО-1850315
3СКОПЈЕ-4841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ-1182157
5СТРУЖАНКА-11180080