Во Македонија се појавија на „големата сцена“ – сега жнеат признанија

Ракометната федерација на Србија, во соработка со „Спортски Журнал“ ги избра најдобрите поединци во ракометниот спорт за годината што полека си заминува.

За најдобар српски ракометар што игра во странство беше избран Дејан Милосављев, екс вардарецот што освои титула во Бундес лигата со Фуксе Берлин и играше во финалето на Лигата на шампионите.

Најдобра српска ракометарка во странство е прогласена членката на Дебрецин, Јована Јововиќ.

За најдобри српски ракометар и ракометарка во домашното првенство се прогласени Стефан Додиќ, екс членот на Металург, Охрид и Вардар, а сега на Војводина, односно Гордана Петковиќ од Црвена Звезда.