Во Македонија му е убаво – бранеше во Струга и Битола, сега се сели во Кавадарци

Тиквеш го засили играчкиот ростер со ангажман на црногорскиот чувар на мрежата Василије Печурица, кој во новата сезона ќе ги брани боите на кавадаречкиот тим.

Печурица првпат пристигна во Македонија во текот на сезоната 2021/22, кога настапуваше за Струга.

Со квалитетни партии и стабилност под стативите, го привлече вниманието на Еурофарм Пелистер, каде најпрво бранеше за вториот тим, а минатата сезона доби шанса и во првиот состав на битолскиот клуб.

Во Тиквеш добро ги познаваат неговите способности и потенцијал, па не се двоумеа да го ангажираат како важен дел од новиот проект. Искусниот Марјан Велков останува на голманската позиција, а тука е и младиот Блашко Бакев.

Kaвадарчани се засилија и со левиот бек со дефанзивни задачи, Томче Стојановски, кој дојде од Вардар.