Амбициозниот проект на Словен под водство на Урош Зорман и со силна поддршка од градоначалникот Зоран Јанковиќ наиде на први проблеми – дел од ракометната јавност веќе подолго зборува за доцнење на платите и бонусите.
Според неофицијални информации и пишувањата на словенечката „Екипа“, на играчите им доцнеле најмалку две редовни плати, како и договорени бонуси за титулите, а во одредени кругови се спомнуваше и бројка од три. Од клубот нема официјален одговор, бидејќи спортскиот директор Јуре Доленец на прашањата нас ловенечките новинари им одговорил кратко „без коментар“.
Сепак, најновите информации велат дека набрзо потоа била исплатена една заостаната плата и дека останува уште една, а како причина за доцнењето се наведуваат летните одмори во институциите на град Љубљана, кои го полнат најголемиот дел од буџетот на клубот.
И покрај ова, атмосферата во тимот наводно е стабилна, а „тигрите“ се подготвуваат за новата сезона. Во сабота ќе го играат Супер Купот против Крка Ново Место во Чрномељ, а претходно настапија на традиционален турнир каде што минимално загубија од македонскиот тим предводен од Кирил Лазаров 30:31.