Во Купот нe победува фаворитот – така ќе биде и сега во Охрид

Охрид повторно е домаќин на Ф4 турнирот во ракомет во машка конкуренција, и денека и утре се играат полуфиналните и финални натпревари. Домаќинот на турнирот, градот Охрид и РФм најавиј нов спектакал, а тука се наоѓа моментниот ракометен крем на Македонија.

Денеска во 17 часот се игра првото полуфинале, меѓу Вардар и актуелниот победик на Купот, екипата од Автокоманда, а потоа во 19,30 часот се среќаваат Еурофарм Пелистер и Охрид. Победникот утре го игра финалето.

Сите го посакуваат трофејот, но за Еурофарм Пелистер ова е посебно важен, бидејќи го чекаат 20 години. Последен пат беа куп победници во 2005 година.

„Ф4 во Купот претставува едно натпреварување кое буди посебни емоции. Сите го посакуваат во своите витрини, Еурофарм Пелистер долги години го нема освоено овој куп и доаѓаме со амбиции да го вратиме кај нас. Купот ни прередувал изненадување. Мислам дека и сега ќе биде така. Знаеме дека тука не победуваат фаворити, и затоа се подготвуваме посветено и максимално. Ако се пласиртаме, а убеден сум дека ќе се пласирамеи после 20 години да го вратиме трофејот, вели Ѕвонко Шундовски, претствникот на битолчани.

Најтрофееј тим во Купот е Вардар, и скопјани посакуваат сезонава да бидат победници.

“Да се заблагодарам на Охрид, прекрасно е да се биде тула. За мене првпат се организара вака. Според мене шансите на сите се подеднакви, еден меч е 60 минути. Пресудна ќе биде желбата. Екипите се тие, се познаваме меѓу себе сме играле доволно, Се надевам се ќе биде како што сакаме. Ќе одиме по ред, меч по меч, вели Андија Нунев престсвникот на Вардар.

Охрид е домаќин и сакаат конечно да освојат трофеј. Затоа и ја земаа огранизацијата на Купот.

„Организиравме и Куп и Супер куп пред 3 години, се надевам дека ако имало недостатови се ќе напдоплниме. Сите ќе уживема во ракометнио в икенд., Се надевам дека барем ќе го играме финалето утре, вели Славчо Ристески, преставникот на Охрид.

Актуелниот освојувач на Купот доаѓа во Охрид со проблеми околу составот, но секако ќе има доволен број на ракометари.

„Овој турнир е посебен, нема да кажам ништо ново, полесно е освоиш отколку да одбраниш. Се соочуваме со таков предизвик. Противник е Вардар кој претендира за двата трофеи. Во пролетниот дел е хендикепиран, ослабен е речиси целата прв апостава е повредена. Сигурно ќе има 16 ракометари во записникот. Ќе се обиде да постигне успех, одбрана на трофејот, изјави Зоран Цветановски, претставникот на клубот од Скопје.