Женската сениорска репрезентација на Македонија доби признание на Изборот за спортист на годината во организација на Агенцијата за млади и спорт.
Во категоријата најдобар женски национален тим за 2023 година, признанието го добија избраничките на Кристијан Грчевски.
Иако на почетокот на годината беа елиминирани во баражот за СП 2023, македонските ракометарки имаа две победи во квалификациите за ЕП 2024.
Беа совладани Азербејџан во Скопје и Литванија во Вилнус, па Македонија е на чекор до нов настап на женски континентален собир.
Во конкуренција за признанието беа и сениорската одбојкарска и кадетската фудбалска репрезентација на Македонија.