Комисијата за лицендирање во Бундес лигата им издаде лиценци за настап за следната сезона на сите екипи од Првата и Втората лига.
Меѓу нив е исто така и некогашниот германски и европски првак Хамбург, кој мора да исполни уште неколку услови најдоцна до 3 мај за да му биде потврдена лиценцата.
Ако дополнителните документи околу ликвидноста не бидат доставени во предвидениот рок, ќе се смета дека лиценцата не е издадена.
Во рамките на процесот за лиценцирање на клубовите во Германија се проверуваат економските показатели, како и дали клубовите ги исполнуваат инфраструктурните и спортските критериуми.
Новата сезона во Бундес лигата и во Втората Бундес лига ќе започне на 31 август.