Германците внимателни: Во Битола не чека опасен Еурофарм Пелистер и жешка атмосфера

Прв гостин во новата сезона од Лигата на шампионите во Битола ќе биде германскиот Фуксе Берлин.

Македонскиот првак ќе се соочи со „лисиците“ од Берлин, а тренерот на Фуксе, Јарон Сиверт знае со каков противник ќе си има работа.

„Еурофарм Пелистер е многу опасен противник и може да очекуваме исклучително жешка атмосфера во Битола. Мораме да бидеме психички стабилни за да го дадеме најдоброто од нас. Тие заслужено станаа македонски шампиони, тоа го видовме на натпреварот против ПСЖ, кога се вратија од голема негатива. Во составот има неколку квалитетни играчи, меѓу кои и двајца бундеслигашки искусни играчи Кузмановски и Цехте, како и еден искусен во Лигата на шампионите во Манасков. Имаат и добро голманско дуо. Од наша страна, важно е преминот од Бундеслигата во Лигата на шампионите да биде успешен како и натпреварот од Веспрем до Лајпциг“, изјави Сиверт.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.