Градот Добој ова лето повторно ќе биде во фокусот на светската ракометна јавност. Од 13 до 16 август 2025 година, ќе се одржи 56. издание на престижниот Меѓународен ТВ турнир на шампиони, еден од најстарите и најугледни ракометни турнири во Европа и пошироко. Годинава доаѓаат вистински ракометни великани.
Турнирот и оваа година ќе го оправда својот реноме – на паркетот во спортската сала во Добој ќе излезат врвни ракометни екипи од три континенти, што ја гарантира најсилната конкуренција досега. Љубителите на ракометот ќе имаат можност да уживаат во врвен спортски спектакл со натпревари на највисоко ниво.
Учесници на турнирот:
🇭🇺 Веспрем Унгарија – еден од најмоќните европски клубови
🇩🇪 Кил Германија – повеќекратен шампион на Европа
🇩🇪 Гумерзбах Германија – тим со богата историја и титули
🇪🇬 Ал Ахли Египет – африкански гигант и доминантна сила во CAF
🇹🇷 Бешикташ Турција – најуспешниот турски ракометен клуб
🇧🇦 Слога Добој БиХ– домаќинот
Овој турнир не е само спортски настан – тоа е симбол на традиција, страст и ракометна магија што трае повеќе од половина век. Секоја година, Добој станува место на средба за спортски ентузијасти, навивачи, легенди и идни ѕвезди на ракометот.
На турнирот учествувале и македонски екипи во минатото, Вардар, Пелистер и Металург, а по двапати победувале Пелистер (1996 и 1997) и Вардар (2003 и 2009).
Годинава турнирот во Добој с еодржува во исто време кога и турнирот во Струга.