Репрезентативецот на Србија и актуелен член на Динамо Букурешт, Владимир Цупара, нема да ја пропушти цела сезона, туку ќе отсуствува најмалку еден месец, пренесува српскиот портал „Моцарт спорт“.
Како што е познато, искусниот голман заработи повреда на натпреварот против Еурофарм Пелистер, откако се судри со Усама Хосни. Најпрво, се претпоставуваше дека се работи за сериозна повреда на коленото, односно кинење на лигаментите.
Раководството на романскиот шампион мораше да го испрати Цупара на лекарски прегледи во Шпанија, се со цел да се знае за што точно станува збор.
Лекарските прегледи направени во Барселона покажале дека Цупара имал само истегнување на лигаментите, па репрезентативниот голман на Србија ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.
Ова значи дека во таборот на Динамо Букурешт ќе нема простор за паника. Цупара и Динамо Букурешт ќе бидат гости во Битола на 19/20 февруари, 2025.