Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 започнаа со активностите пред стартот на новата сезона во која ќе играат во Супер лигата по пауза од една година.
Меѓу десетте новајлии во составот на Александар Зарков е десниот бек Баптист Одифред, кој ги сподели првите импресии.
„Мојата кариера започна во Франција, па настапував во евро-куповите за клуб од Луксембург и до пред неколку месеци играв во Јапонија. Доаѓам тука со голема желба да игра за овој добро познат клуб на европска сцена. Среќен сум и носам само добри први импресии од клубот. Споредено со Франција, која исто така е ракометна земја, тука овој спорт е пасија. Прошетав на главната улица и видов многу луѓе со дресот на Пелистер. Гледав многу видеа и натпревари и полна сала тука во Битола. Имам голема желба да ја почувствувам таа атмосфера. Екипата е млада, но имаме јасни цели и едвај чекам да дебитирам во шампионатот“, изјави Одифред.
Десниот бек во Франција настапуваше за екипите на Дижон и Безансон, потоа патот до одведе во Дуделанж од Луксембург и Даидо Стил од Јапонија, а од деновиве го започна својот престој и во Битола.