„Во Битола ќе имаме голем предизвик – знаеме каква атмосфера прават навивачите“

Хрватскиот првак Загреб ќе биде првиот гостин во Битола во новата сезона од Лигата на шампионите.

Тренерот Андрија Николиќ, кој се врати на кормилото по заминувањето на Велимир Петковиќ, знае каква атмосфера го очекува во Битола.

„Знаеме дека нè очекува тежок натпревар, свесни сме и за атмосферата што ја создаваат нивните навивачи во таа сала и знаеме дека најголемиот можен предизвик е пред нас. Што се однесува до нивниот тим, имаат нов тренер, кој воведе некои иновации и сега играат во неговиот систем, што значи доста длабоко. Сепак, костурот остана ист, играат доста мирно и со долги напади. Ќе мораме ментално да бидеме подготвени за задачата да бидеме трпеливи со доста долги напади и секако да се обидеме да постигнеме што е можно повеќе лесни голови“, изјави Николиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб започнува од 20:45 часот, а ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“.