Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, го одреди терминот за реваншот против германскиот Хановер.
Вториот меч од квалификациското коло меѓу тимот предводен од Кирил Лазаров и бундеслигашот Хановер ќе се игра на 6 септември од 19:30 часот.
Со оглед на тоа што се работи за квалификации во ЛЕ, салата во Автокоманда го исполнува условот за играње на европски меч во оваа фаза.
Доколку „сино-белите“ бидат победници во двомечот, ќе се пласираат во групната фаза каде што веќе е екипата на Вардар.
Првиот натпревар меѓу овие две екипи ќе се игра на 30 август со почеток во 17:00 часот во „Свис Лајф Арена“.