Во Автокоманда паднаа 68 погодоци

Со дуелот во Автокоманда меѓу „витамините“ и Преспа стартуваше новото прволигашко коло.

Домаќините без никакви проблеми го совладаа гостинот од Ресен со 44-24, oткако и на полувремето момците на Миле Бочкаровски водеа со 20-13.

Филип Симоноски беше најдобар стрелец со девет погодоци за победничкиот тим, а по осум пати погодија Даријан Ѓокески и Христијан Ѓурмешевиќ.

Во составот на Преспа се истакна Христијан Ристевски со 12 голови.

Во следното коло „витамините“ од Автокоманда, кои и натаму се на максимум, ќе гостуваат кај Младост Богданци, додека Преспа е слободна.