Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски, ќе биде меѓу кандидатите за член на Ракометниот Суд на ЕХФ на претстојниот конгрес на ЕХФ.
Tасевски е меѓу 13 кандидати за шест места во Ракометниот Суд на ЕХФ, а изборот ќе биде на 18/19 септември во австрискиот град Андау.
Покрај Тасевски, од Македонија кандидиран е и Марјан Начевски, кој е меѓу номинираните во Комисијата за жалби на ЕХФ. Таму има 13 кандидати за пет места.
Изборите ќе бидат за периодот од 2025 до 2029 година, а има вкупно 119 кандидати од 37 различни федерации за 49 позиции.
Првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер, одново се кандидира за претседателската позиција, а нема противкандидат, па сосема извесно ќе продолжи да владее со европскиот ракомет.
Покрај главните позиции, ќе се бираат претседатели и членови на Извршниот Комитет на ЕХФ, Натпреварувачката комисија, Комисијата за ракомет на плажа, потоа за Комитетите за машки и женски репрезентации…