Владимир Глигоров се враќа во Косово, ќе го води Кастриоти

Македонскиот стратег Владимир Глигоров во наредната сезона се враќа во Косово и ќе го води тимот на Кастриоти.

Тој му донесе трофеј во Купот на Косово на Кастриоти пред две сезони, а минатата сезона во два наврати работеше во Борец ФЛ во Велес.

Некогашниот селектор на женската репрезентација се враќа на местото на успехот, а од Кастриоти се надеваат на уште поголеми успеси со Глигоров.

Искусниот стратег беше осми во Европа со женската селекција во 2008 година, потоа работеше во Сирија, со која играше на Азиското првенство, а претходно работеше во Саудиска Арабија и Либан.

Во Македонија работеше во Кометал Ѓорче Петров, во Металург РА, Радовиш, како и во Голден Арт, Вардар Неготино…