„Витамините“ од Автокоманда победнички низ Гостивар

„Витамините“ од Автокоманда прославија нов прволигашки триумф, откако славеа на гостувањето кај Јехона со 44-24.

Уште на полувремето избраниците на Миле Бочкаровски водеа со 23-12 и го решија прашањето на победникот.

На теренот доминираа Јован Петрески со седум, како и триото Џигероски, Ѓокески и Поповски со по шест погодоци во победничкиот тим.

Кај Јехона, искусниот Адис Салиу и Стефан Маринкоски постигнаа по шест гола, но тоа беше премалку за позитивен резултат.

Во следното коло „витамините“ од Автокоманда ќе играат дома со Партизан Гевгелија, а Јехона ќе игра дома со Текстилец.