Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби на стартот на Европското првенство во Црна Гора од Германија со 31-18.
Бундес тимот поведе со 4-0, но избраничките на Даниела Новеска набрзина стигнаа до реми, 4-4, со головите на Балоска и Димоска.
Но имаше голем пад во македонската игра, Германија отиде на 9-4 и најави каков тек ќе има овој натпревар. До паузата противничките стигнаа до плус десет, 18-8.
Во второто полувреме македонската голманка Илиоска доби црвен картон, нова серија на технички грешки и Германија на крајот славеше убедливо.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Беровиќ со четири и Наумоска со три гола, додека голманките Дуновска и Илиоска собраа шест интервенции.
На голот на Германија одлична беше Вагнер со 14 интервенции, додека во нападот доминираа Бендер со пет и Валтер со четири гола.
Македонија утре ја чека пресметка со Словачка од 14:30 часот, која ја совлада Португалија со 31-26.