Откако ги потврди ангажманите на десниот бек Мелвин Ричардсон и голманот Торбјорн Бергеруд, Висла Плоцк активно работи на трансфер маркетот и посакува да ангажира уште неколку квалитетни засилувања.
Според „Преглед Спортови“, Висла Плоцк е во активни преговори со некогашниот пивот на овој тим, Камил Шипжак, еден од најдобрите стрелци во ПСЖ и во Лигата на шампионите.
Покрај Шипжак, Висла Плоцк го посакува и десниот бек на унгарската репрезентација Зоран Илиќ, кој во моментов игра за бундеслигашот Хамбург. Исто така и Илиќ, како Шипжак, има искуство од настапи во Плоцк.
Тренерот Сабате на својата листа на желби го има и левиот бек на Египет и на Монпелје, Ахмед Хешам, но веројатно со него преговорите ќе траат подолго со оглед на тоа што има активен договор и по 2025 година.
Висла Плоцк со актуелниот ростер стигна до титула во Полска, а лани играше во осминафиналето на Лигата на шампионите, додека оваа сезона не и оди според посакувањата.