Висла победнички низ Битола – само теорија за пелистерци за осминафинале

Македонскиот ракометен шампион успеа да се врати во игра, да донесе неизвесност во завршницата на дуелот со Висла Плоцк, но немаше сила за целосен пресврт, па гостите од Полска победнички заминаа Битола, со бодови и триумф 28-25 (13-9).

Полјаците се зацврстија на третото место во Б групата од лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер остана на 7. место. Останува само терија за Еурофарм Пелистер да биде меѓу шест најдобри екипи во групата и да продолжи во осминафиналето. Разликата меѓу македонскиот шампион кој остана на 7. место и на ГОГ и ПСЖ кои се на 5. и 6. место е четири бода.

До крај остануваат уште три кола, во игра се 6 бода, а за битолчани ќе биде многу тешко да стигнат на посакуваните места. Но, во прилог е што имаат два натпревари, следните кои се против ГОГ на гости, а потоа со ПСЖ дома. Од тие средби ќе биде познато колку е блиску или далеку Еурофарм Пелистер од осминафиналето.

Во текот на целот меч гостите водеа,а во првото полуврем и двапати со плус 5, за водство 9-4 и 13-8. Имаа негатива од 14-20 во второто полувреме, но имаше серија од 4-0 со која се врати во игра и намали на 18-20, па и една украдена топки кој во контра е стигна каде што треба.

Она што претходно домашните не го искористија, сега преку Хакбарт го реализираа и Еурофарм Пелистер намали на 19-20 во 49 минута. Драмата се врати во салата во Битола. Но, кратко траеше неизвесноста бидејќи гостите брзо отидоа на 22-19.

Потоа остана малку време, домашните немаа сила, а гостите знаеа како да ја задржат предноста.