Висла Плоцк во лов на „крупна риба“ од ПСЖ

Полскиот првак Висла Плоцк посакува да ја продолжи доминацијата на домашна сцена, но и да направи чекор напред во Лигата на шампионите.

Според „RTHandball“, Висла Плоцк, за таа цел веќе ги започна преговорите со левиот бек на француската репрезентација и ПСЖ, Елохим Пранди.

Пранди има договор со францускиот првак до 2028 година, а дотогаш Висла Плоцк го ангажира левиот бек на Татабања и чешката селекција, Матеј Хавран.

Висла Плоцк од 2027 година го посакува и десното крило на Словенија и Барселона, Блаж Јанц.