Висла Плоцк не запира – промовираше уште еден „бомбардер“ на десен бек

Полскиот шампион Висла Плоцк не запира со промоцијата на новите засилувања кои доаѓаат во следниот период.

По Торнбјорн Бергеруд, Мелвин Ричардсон, како и Лука Степанчиќ, следен на листата е десниот бек Зоран Илиќ.

Унгарскиот репрезентативец по две сезони во бундеслигашот Хамбург ќе се врати во Висла, каде претходно беше на позајмица од Веспрем.

Илиќ потпиша договор на три сезони и ќе остане во Плоцк најмалку до 2028 година, иако имаше комбинација да се врати во Веспрем.

На крајот на сезоната од Висла Плоцк заминуваа Виктор Гисли Халгримсон, кој ќе се пресели во Барселона, како и Дмитри Житников, кој има комбинации за трансфер во Партизан или Мешков Брест.