Полскиот првак Висла Плоцк го продолжи договорот со хрватскиот репрезентативец Леон Шушња.
Ракометарот, кој Сабате го користи најчесто во одбраната, се обврза да остане во Плоцк и во следните две сезони, односно најмалку до 2027 година.
Тој се пресели во Висла Плоцк од Загреб во 2019 година и стана една од најважните алки во тимот.
Ако го одработи новиот договор до крај, тогаш Шушња ќе комплетира осум сезони во полскиот шампион.