Втора сезона по ред Келце останува со празни раце и Висла Плоцк стана шампион на Полска.
Херој на Висла Плоцк е голманот Мирко Алиловиќ, кој беше клучен во пенал серијата, откако мечот заврши 22-22 во регуларниот дел.
Слично како и лани, така и сега, ветеранот од Хрватска покажа за што е способен и дека важи за мајстор за пенали.
Иако и голманот на Келце, Чордалија имаше одлична партија, сепак тоа не беше доволно за тимот на Душебаев.
Келце водеше во најголем дел од мечот, но на крајот се спасуваше од пораз и Наи израмни во последните секунди, па мораше да се решава на пенали.
Таму Алиловиќ му одбрани удар на Сичко, два пати противниците промашија, а Висла погоди три од пет и почна славјето среде Келце.