Висла го среди и Фуксе, сега е еден чекор пред Еурофарм Пелистер

Екипата на Висла Плоцк, која е конкурент на македонсиот шампион Еурофарм Пелистер за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, направи уште едно изненадување.

Избраниците на Хавиер Сабате по победата над ПСЖ во Франција, денеска во натпревар од 12. коло од најквалитетното европско натпреварување славеа над бундеслигашот Фуксе Берлин со 32:27 и значително ги зголемија шансите за прогрес, сега на свое конто има осум бода.

Пелистерци кои вечерва ќе играат со Динамо Букурешт имаат шест бода, па поради тоа битолскиот тим вечерва ќе мора да победи, или пак да извади најмалку реми, бидејќи до крајот од групната фаза преостануваат уште две кола.

Во тие две кола, полскиот шампион ќе игра против Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон, додека Еурофарм Пелистер го очекуваат соочувањата со Фуксе Берлин на гости и ПСЖ на домашен терен.

Висла Плоцк победата ја најави уште во првиот дел, започна постепено да се одлепува, а уште по предноста на домаќините од 10:5, јасно беше дека искусните Андерсон, Гидсел, Марсениќ…ќе мора да се разиграат доколку посакуваат поволен резултат.

Домашниот тим на полувреме замина со солидна залиха, односно капитал од осум гола, 19:11, додека во вториот дел гостите нити се заканија, ниту ја подобрија играта. Халгримсон се разбрани, бранеше кога беше најпотребно, Пирох продолжи да погодува, па така Висла Плоцк во 40 минута имаше 23:15 и тука беше јасно дека бодовите ќе останат дома.

Најефикасен во домашниот табор беше Пирох со десет погодоци, Крајевски постигна шест, а Халгримсон имаше 14 интервенции. Кај бундеслигашот се истакна Мијајло Марсениќ со пет погодоци.

Интересен натпревар одиграа Веспрем и Спортинг Лисабон, натпреварот беше проследен со многу пресврти, а на победа се радуваа домаќите, триумфираа со 33:32 (16:17).

Предводници во победата на Веспрем беа двајцата репрезентативци на Франција, Хуго Деска и Лудовик Фабрегас, првиот постигна осум погодоци, вториот имаше гол помалку. Поркелсон со осум погодоци беше најефикасен во редовите на поразениот тим.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД18170134
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР18160232
3ВАРДАР 196118160232
4ОХРИД18131427
5ТИКВЕШ 20141892720
6БУТЕЛ1890918
7ПРИЛЕП18621014
8ПРОЛЕТ1854914