Тимот на Јехона го доби првото засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната во прволигашката конкуренција
Станува збор за левиот бек Виктор Трифуноски, кој доаѓа од составот на Куманово, каде играше во есенскиот дел од сезоната.
Освен во Куманово, Трифуноски настапуваше во младинските категории на Вардар, а потоа и во составите на Аеродром и Борец ФЛ.
Јехона е слободна на стартот на пролетниот дел на 14 февруари, а првиот предизвик ќе го има на 21 февруари на гостински терен кај Партизан Гевгелија.
























