ВИКЕНДОВ ФИНАЛЕ ВО ТУРНИРОТ „БИДИ ШАМПИОН“

Во сабота 28.06.2025, финале на турнирот БИДИ ШАМПИОН. Видеолотарија Касинос Австрија во изминатиов период, започнувајќи од 31 мај го организираше турнирот во кој се одиграа 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет за деца од 10 до 14 години. Со овој турнир сакаме да придонесеме за промоција на спортот, фер игра, тимскиот дух и спортските вредности меѓу младите.

Во сабота на 28 јуни од почнувајќи од 10 часот, на реконстуираното игралиште Драган Крстев во Општина Кисела Вода, ќе се одиграат финалните натпревари во турнир БИДИ ШАМПИОН.

Турнирот започна на 31 мај со серија на натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години, на игралиштата кои ги реконструиравме во изминатиов период. Со донаторски буџет од милион евра, ставивме во функција 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни.

Турнирот БИДИ ШАМПИОН не е само натпреварување, туку и порака-дека секој млад човек може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот.

Со турнирот БИДИ ШАМПИОН, сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани.