Вигерт: Останавме смирени во жешката атмосфера и тоа ја направи разликата

Европскиот шампион Магдебург ја продолжи победничката низа во Лигата на шампионите и славеше во Битола кај Еурофарм Пелистер со 31-26.

Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, ја пофали атмосферата што ја прават битолските навивачи и ги сподели импресиите по натпреварот.

„Најважно е што уживавме вечерва, атмосферата беше неверојатна. Последен пат кога бевме тука беше празна сала во Европската лига заради ковид пандемијата и не беше комплетно. Сега натпреварот беше комплетен. Мислам дека дека останавме смирени цел натпревар. Мирни во нашите одлуки во оваа жешка атмосфера и тоа мислам дека ја направи разликата. Рано е да се зборува за иднината, уште сме во првиот дел на сезоната и имаме долг пат до крајот“, изјави Вигерт.

Следен предизвик за Магдебург ќе биде домашниот дуел со ПИК Сегед, а Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Загреб во следното коло.