Европскиот првак Магдебург има досега пет победи на пет натпревари во новата сезона од Лигата на шампионите.
Следен предизвик за избраниците на Бенет Вигерт ќе биде средбата со Еурофарм Пелистер, а тренерот на Магдебург ги сподели очекувањата.
„Еурофарм Пелистер е тим кој со засилувањата оваа сезона повторно ги потврди своите амбиции и квалитет. Тоа се гледа и низ нивните настапи во Лигата на шампиони, каде имаа неколку многу израмнети натпревари. За нас, важи истото како и секоја недела – и покрај густиот распоред и бројните натпревари, сакаме да бидеме на висина на задачата и да ја прославиме следната победа заедно со нашите навивачи“, изјави Вигерт.
Натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Гетек Арена“ со почеток во 20:45 часот.