Наместо да го „брка“ и третото место во групата Веспрем сега може да заврши и како шестопласиран во Група А од лигата на шампионите, откако загуби со 31-33 во Франција кај Нант. Немаше да биде изненадување доколку домашните имаа водство во текот на мечот, но предност беше за Унгарците. Сепак за 10 минути се се стопи.
Во 50 минута Веспрем имаше предност од 29-26 и изгледаше дека лесно ќе триумфираат. И се случи спротивното. Нант направи серија од 7-2. Прво израмни во 53. минута, па во 56. па до крај со двата гола само ја запечати победата.
Текот на натпреварот не навестуваше ваква завршница. Веспрем имаше често предност од 3-4 гола која не ја задржа.
Од последното коло ќе се знае и конечниот редослед од 3 до 6 место, на екипите што ќе играат во осминафиналето. Единствено познато е дека Келце не може да биде 6. Полјаците имаат 15 бода, еден повеќе од Нант и Веспрем, а Спортинг е на 6. место со 12 бода.
Во последното коло Веспреме домаќин на Алборг, а Нант гостува во Берлин. Спортинг пак го пречекува Динамо Букурешт.

























