Унгарскиот гигант Веспрем ја најде замената за францускиот репрезентативец Лудовик Фабрегас, кој си заминува на лето.
Станува збор за кружниот напаѓач на Ал Ахли и египетската репрезентација, Ахмед Адел, кој веќе се збогуваше со неговиот досегашен клуб.
Адел има 30 години и настапите во Веспрем ќе бидат прво интернационално искуство, откако досега играше само во татковината.
Покрај Адел во Веспрем доаѓа и Ахмед Хешам, неговиот репрезентативен колега, а таму е и средниот бек Јахја Елдера.
Адел ќе игра во тандем со Пешмалбек, но се очекува Веспрем да донесе уште еден пивот, бидејќи заминува и Никола Граховац.