Веспрем со победа го завери третото место во групата и пласманот во осминафиналето

Унгарски Веспрем сигурно ќе игра во осминафиналето на лигата на шампионите, а по триумфот над Динамо Букурешт 35-28 (18-12 ) тимот на Чави Пасквал останува на патот да биде третопласиран во А групата, со што ги го добил „најлеснот ривал“ во разигрувањето.

Со својот 7. триумф Веспрем има 14 бода, на две кола до крај на групната фаза, а Динамо Букурешт остана на последното место со само два освоени бода.
Ако го задржи третото место, следен ривал на Веспрем во разигрувањето би бил шестопласираниот тим од Б групата, а таму има повеќе комбинации кој тим ќе патува во Унгарија.

Се заканија Романците на почетокот, поведоа со 3-0, и застанаа. Потоа имаа уште еден моментален блесок, кога водеа со 4-3. Од тој момент, па се до крајот на средбата имаше само еден тим што диктраше темпо, водеше и постојано ја зголемуваше предност – Веспрем. Предност се искачи на 3-4 гола, а во самата завршница на првиот дел таа се зголеми на 18-12.

Вториот дел беше во корист на домашните, кои ја зголемија предноста на 7, а потоа и на „плус 8“.

Со 9 гола најпрецизен на мечот беше Хуго Дескат, а по 4 кај Веспрем дадоа Мартиновиќ, Елсајед, Ремили и Меаили. Кај гостите Бранко Вујовиќ постигна 5 гола, а по четири постигнаа Деду и Рошта.

Во следното коло Веспрем гостува кај Нант, а Динамо Букурешт е домаќин на Колштад.