Унгарскиот гигант Веспрем ќе има големи промени во ростерот за новата сезона, бидејќи дури осум ракометари заминаа.
Веспрем се раздели со Арон Палмарсон, Лудовик Фабрегас, Сергеј Марк Косоротов, Никита Вајлуппов, Агустин Касадо, Никола Граховац, Балинт Вег и Криштоф Палашич.
Шампионот на Унгарија организираше посебна дружба меѓу навивачите и оние ракометари што си одат, па сите имаа можност да бидат поздравени во „Веспрем Арена“.
Нови имиња во тимот на Пасквал ќе бидат Јанис Лен, Али Зеин, Ахмед Хешам, Ахмед Адел, Тијагус Пјетруш…