Веспрем се обезбеди со десни бекови до 2026 година

Унгарскиот гигант Веспрем ja покри десната бековска позиција најмалку до летото 2026 година.

Шведскиот репрезентативец Лукас Сандел, кој имаше договор до 2025, ќе остане уште една сезона најмалку во унгарскиот првак, откако потпиша нова соработка.

Веспрем го има на располагање Ремили, кој исто така има договор до 2026 година, па тренерот Чави Пасквал нема да има главоболки околу чувствителното место во секоја екипа.

Иако се споменуваше камбек на десниот бек Зоран Илиќ, сепак тој се договори со полскиот првак Висла Плоцк, па Веспрем се реши да го продолжи договорот со Сандел.

Претходно продолжена соработката и со левото крило Уго Деска до 2027 година.