Екипата на Веспрем пред својата публика славеше над данскиот шампион ГОГ Гудме со 34:31 (19:13) и остана во игра за првата позиција на табелата во групата Б.
Веспрем од првата минута, па до крајот беше во постојана предност и во ниту еден момент не дозволи гостите од Данска да имаат било какви шанси за изедначување.
Најрасположени во редовите на победничката екипа беа Јахија Омар и Недим Ремили, двајцата ракометари постигнаа по шест погодоци. Голманот на Веспрем, Мајк Јенсен, имаше 11 интервенции.
Во поразениот табор незапирлив беше Арон Менсинг, кој реализираше дури десет пати, додека голманот Тобијас Тулин имаше 12 одбранети удари.
Унгарскиот тим во претпоследното коло од Лигата на шампионите ќе се сретне со Монпелје, а ГОГ на свој терен ќе ја пречека Висла Плоцк.