Екипата на Веспрем и во оваа сезона не успеа да обезбеди учество на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, откако против Алборг не ја одбрани минималната предност од првиот четвртфинален дуел.
Данскиот тим успеа да триумфира со пет гола разлика, 33:28 (18:14), и по двегодишно отсуство во елитата, сега повторно ќе биде дел од Ф4 турнирот, во кој ќе атакува на пласман во финалето.
Алборг на денешниот дуел со Веспрем беше предводен од одличниот Мадс Хоксер, новата надеж на Данска во мрежата на гостите постигна девет погодоци, а своја поддршка имаше од Томас Арнолдсен и Симон Халд, кои имаа по пет реализации.
Сепак, клучен фактор за победата над Веспрем беше голманот Никлас Ландин со 14 интервенции. На спротивната страна, голманот на гостите Родриго Коралес заврши со десет интервенции.
Вторниот патник на Ф4 турнирот во Келн ќе биде познат по дуелот меѓу екипите на Магдебург и Келце. На првиот дуел, победа обезбеди полскиот гигант, кој против европскиот првак славеше со 27:26.