Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа на ПИК Сегед „кој е кој“ и го совлада со девет гола разлика, 36:27, во натпревар од 22. коло од унгарскиот шампионат.
Избраниците на Момир Илиќ одиграа одлично во двете полувремина, на пауза имаа предност од 16:10 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Победничката екипа беше предводена од Омар Јахија со пет погодоци, додека во поразениот табор се истакнаа Лука Степанчиќ и Марио Шоштариќ, кои постигнаа по четири погодоци.
Веспрем е лидер на таелата со 48 бодови, тимот на ПИК Сегед има 40, додека трет е Ференцварош со 29.
До крајот од регуларниот дел треба да се одиграат уште неколку кола, па потоа најдобрите две екипи ќе играат во плеј-оф фазата за титулата.