Екипата на Веспрем е претпоследниот патник во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако го доби и вториот осминафинален дуел против ПИК Сегед.
Избраниците на Момир Илиќ на реваншот против ПИК Сегед триумфираа со 39:32 (19:15) си го чекираа местото меѓу најдобрите осум тимови.
Предводници во нападот на Веспрем беа Никита Вајлупов со осум и кружниот напаѓач Драган Пешмалбек со шест погодоци.
Кај поразениот табор 100% учинок, односно осум од осум имаше репрезентативецот на Португалија, Мигел Мартинез.
На првиот одигран натпревар минатиот викенд, составот на Илиќ исто така славеше со седум гола разлика, 37:30.
Веспрем за пласман на Ф4 турнирот во Келн ќе се бори против Алборг, кој местото во четвртфиналето го обезбеди директно.