Веспрем по три години го победи Келце

Унгарски Веспрем се искачи на делба на првото место во А групата во лигата на шампионите, откако по повеќе од три години успеа да триумфира над Киелце, овојпат 35-33. За унгарскиот тим ова беше трет триумф по ред сезонава во ЛШ.
Со новите два бода Веспрем се израмни со Алборг и Берлин на врвот, кои исто така имаат по 6 бода, но Германците и меч помалку.

Во втората половина од првиот дел домашните ракометари конечно направија осетлива предност од 4-5 гола со која резултатски се „одлепија“. Тааа предност остана на полувреме, и со резултат 21-15 се замина во соблекувалните.

Веспрем чекаше повеќе од три години за да го победи Киелеце во лигата на шампионите, бидејќи последен пат Унгарците триумфираа во март 2022 година, и тоа на домашен терен, 35-33. На последните десет меѓусебни средби само трипати триумфирал Веспрем, а два натпревари завршиле со реми, и тоа двапати во 2023 година.

Ако Веспрем мислеше дека „шестката“ на полувреме е голема предност, им требаше 13 минути да сфатат дека Киелце нема лесно да се предаде. Во 43 минута Алекс Дујшебаев намали на 27-25, по што тренерот Чави Пасквал мораше да бара тајмаут, за да ги „разбуди“ неговите играчи.

Наместо сигурен и договорен напад, играчите на Веспрем направија техничка грешка, а имаа „празна мрежа“, па во контра Јаросиевич намали на 27-26 во 44 минута. Пеналот во гол за водство 28-26 го реализираше Дескат.
Од „минус 1“ за неколку минути Веспрем пак дојде до позитива од четири гола и предност 30-26 во 47 минута.

Во последните десет минути домаќините влего со предност до 32-27, а за 2,5 минути гостите намалија на 32-29. Во 54 минута повторно Киелце намалува на „три негатива“, 33-30, но гостите добија исклучување, а Веспрем тоа не го искористи, и во напад со играч помалку намалува на 33-31. И пак Веспрем не реализираше напад, а Киелце исто така не искористи шанса да намали.

Остануваа уште три минути, а Веспрем во следниот напад изнуди пенал, а Дескат погоди за 34-31. Но, драма имаше на крајот, во 59 минута Киелце од пенал намалува на 34-33. На 34 секунди до крај Чави Пасквал го бара својот трет тајмауат, и Веспрем има напад од кој може да ги реши сите дилеми. Но, ударот заврши во голманот, а потоа наместо сигурна контра топката ја пресече Веспрем. Доби Монар црвен картон, а Веспрем на неколку секунди до крај преку Маргуч ги постигна конечните 35-33.